(Видео) Ахмети се смета за господар во Македонија: Јас бев кираџија додека бев во гимназија
Пратеникот Али Ахмети кој е и лидер на ДУИ, се пожали како кога бил мал, бил дискриминиран. Тој кажа дека пратениците Антонио Милошоски и Павле Трајанов го инспирирале да говори за минатото. Посочи дека никој не е кираџија во Македонија. Ги праша дали им е поубаво сега или пред 20-30 години, па посочи дека сега живеел добро.
„Почитуван Милошоски, кога вие сте биле роден, јас сум бил во гимназија, но, бев под кирија. Ставен на страна од тие кои владееја во тоа време. Јас како млад, не сум бил рамноправен со генерацијата каде учев. Мене ми се негираше мајчиниот јазик, на моите родители им се негираше вработувањето во нивната земја и требаше да одат во други земји. Затоа овде зборувам како човек од родители, кои дел од нивното тело беше оставено во Австрија и Либија, зборувам како човек кој пател, бил тортуриран од системот. Кога било Кичево подобро, кога бев јас под кирија или денеска кога сме рамноправни, а гимназијата каде сум учел, сега функционира одлично, а Македонците и Албанците немаат никаков спор, градоначалникот Албанец кој функционира одлично?“, кажа Ахмети.
Го пофали Охридскиот рамковен договор, се присети кога УЧК војуваше и додаде: „Тој договор нѐ направи господари во нашата куќа“
„Во 2001 година бевме на различни страни, дали тогаш беше подобро, кога вие ме бркавте мене со државата или кога 22 години сме дел од ова Собрание и носиме одлуки за закони и реформи и како државата да ја зачлениме во ЕУ? Мојата држава, вашата, дали беше подобро тогаш во неа, кога јас бев следен со мојата генерација како непријател, терорист или денеска функционираме заедно и управуваме заеднички во нашиот дом? Зошто вие двајца ме поттикнавте? Зошто ме вративте 22 години назад“, додаде Ахмети.
Посочи дека ДУИ бил посветен да биде партнер, како на ВМРО така и на СДСМ.
„Имавме моменти кога ВМРО имаше значајно барање за нацијата и јас им кажав дека ние сме партнери и без да помине преку мојата врата, не може да тропнете на другите врати, како што сум рекол и на партнерите на СДСМ – јас сум партнерот и ги гледам интересите на државата“, кажа Ахмети.