Заменикот во МВР на СДСМ, Бојмацалиев: Очекувам работење исклучиво по закон од страна на вработените во МВР
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/01/Screenshot-2024-01-29-at-09.04.05.png)
„Денеска стартува техничката Влада на Република Северна Македонија, задолжена за спроведување на фер и демократски изборен процес, а во која ја извршувам должноста дополнителен заменик министер за внатрешни работи“, вели заменикот-министер за МВР, Бојмацалиев и додава:
Во овој контекст, сакам да ги истакнам моите и напорите на мојот тим за заштита на личните податоци на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на полицијата, со цел обезбедување на мирен тек на изборите. Со подготвеноста и професионалноста на вработените, нашата задача е да обезбедиме транспарентен, фер и слободен изборен процес, во кој секој граѓанин ќе може слободно да го изрази своето мислење и право на избор.
Во оваа прилика, дозволете да бидам категоричен – очекувам работење исклучиво по закон од страна на вработените во МВР. Вие не должите никому ништо и очекувам да не подлегнувате на било каков притисок или уцена.
На крајот, сакам да истакнам дека спроведувањето на европски избори е одраз на нашата зрелост како демократско општество. Тоа е доказ за нашата посветеност кон демократските вредности и нашиот напредок кон Европската Унија.
Да организираме европски избори како што беа и претходните и со заеднички напори да продолжиме да градиме силна, стабилна и демократска Република Северна Македонија, со гарантиран пат кон Европската Унија.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)