Малолетник со уште двајца скопјани криумчарел мигранти со „фиат“
Од
Објавено на
Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Е.Д.(31), Е.Ш.(47) и малолетник, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
На 24.01.2024, полициски службеници го запреле третопријавениот, кој со патничко возило „фиат стило“ превезувал осум мигранти од Сирија, а кои второ и третопријавените ги договориле и организирале да ги превезе.