Свет

„На Хамас е да одлучи!“: Блинкен откри што разговарале разузнавачите на клучниот состанок

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж дека ќе има пауза во борбите во Газа, а за возврат ќе бидат ослободени израелските заложници, по разговорите во Париз на кои учествуваа Мосад, ЦИА, претставници на Катар и Египет.

Тој рече дека е постигнат добар напредок и има надеж да се оди напред.

„Работата на ослободување на заложниците е важна и ветувачка, а предлогот на маса е силен, но и обврзувачки. Останува на Хамас да одлучи“, изјави Блинкен, пренесува Ројтерс.

На почеток