Македонија

Пациентите на уапсениот Нино Васев ќе добијат терапии, уверува директорката на Онкологија и тврди дека болницата функционира нормално

Клиниката за онкологија функционира нормално, терапии се даваат, уверува директорката и доктор, Виолета Клисаровска за „Скопје1“, а откако ексдиректорот и доктор кој води пациенти, Нино Васев беше уапсен. Таа уведува дека нема потреба од паника, бидејќи сите терапии ќе бидат дадени согласно термините кои пациентите ги има.

„Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално, во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите“, вели Клисаровска за „Скопје1“.

Таа нема коментар за апсењата кои се случија на нејзината клиника.

„Што се однесува до истрагите кои се водат и информациите од утрово, ве молиме да се обратите до надлежните институциите“, додава Клисаровска за „Скопје1“.

Претходно, објавивме дека Нино Васев со лисици е изнесен од болницата. Тој е во полициска станица, а е осомничен во предметот кој го води скопското Обвинителство за кражба и злоупотреба на цитостатици. Тој ќе биде задржан во станица 24 часа, дознава „Скопје1“. Потоа, ќе се одлучува дали ќе се бара мерка за обезбедување присуство како што е приворот, куќниот притвор, одземање на патни исправи, јавување во суд.

Истовремено, три лица опфатени со истрагата во моментов се недостапни за органите на прогнот и по нив се трага.

На почеток