Македонија

(Фото) Нино Васев е уапсен на Онкологија, со лисици однесен во полициска станица

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Нино Васев е приведен на почетокот од работното време во просториите на болницата, дознава „Скопје1“. Приведувањето е по налог на обвинител, а во склоп на истрагата за кражбата на цитостатици и нивна злоупотреба. Васев има статус на осомничен во овој предмет.

Според информации на „Скопје1“ тој ќе биде задржан во полициска станица 24 часа, време во кое ќе треба да даде исказ пред полицијата и обвинител. „Скопје1“ се обиде да исконтактира со Васев, но иако телефонот и натаму ѕвони, никој не одговара.

Од Обвинителството само кратко потврдуваат дека акцијата е во тек, а информации најавуваат по нејзино завршување.

Претходно објавивме дека има и лица кои се во бегство.

„Онкологија“ пред крај: Приведен Нино Васев, има избегани, претреси кај осум лица

На почеток