Македонија

Уапсен скопјанец во Карпош и охриѓанец чиј автомобил бил претресен среде „Туристичка“

На 29.01.2024 во 16.30 часот во Скопје на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Е.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 29.01.2024 во 21.45 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода Н.М.(49) од Охрид. При преглед во патничко возило „опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На почеток