Маричиќ е новиот Груби, на седницата седна до Џафери
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/01/30012024_VRSM_VLADINA-SEDNICA-5.jpg)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на првата седница на новоизбраниот владин состав, ги информираше членовите на Владата дека за заменици на претседателот на Владата ги определи:
– м-р Бојан Маричиќ, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања;
– д-р Артан Груби, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците;
– Фатмир Битиќи, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции и
– м-р Славица Грковска, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)