Македонија

Еден загина, 20 завршија во болница – тежок судир меѓу комбе и автомобил на излезот од Битола

Совозач загина, 20 лица побарале медицинска помош во битолската болница, откако се судрија автомобил со комбе кое превезувало работници. Несреќата се случи на излезот од Битола кон Демир Хисар. Пожарникари од Битола ја извлекоа жртвата од автомобилот.

Хоспитализирани лица нема, а од дваесете лица кои побарале помош од лекар, 13 се на ортопедија со полесни повреди, додека четворица се на неврохирургија, а тројца на хирургија. Ниту едно од лицата не е во критична состојба.

Увид во несреќата прави полицијата, по што се очекуваат повеќе детали.

На почеток