Македонија

Се проверува дали возачите кои се судрија на излез од Битола биле под дејство на алкохол или дроги

Обвинителството проверува дали возачите на комбето и автомобилот кои се судрија на патот Битола-Демир Хисар, биле под дејство на дроги или алкохол. Бидејќи има загинато лице, обвинител се вклучи во расчистување на случајот и утврдување на вина.

„Во врска со сообраќајната несреќа кај Битола, јавен обвинител од ОЈО Битола изврши увид на лице место заедно со вешто лице. Издадени се наредби за прибирање на траги од лице место и проверка на крв и урина на возачите. Се постапува за расчистување на причините за несреќата“, велат од Обвинителството.

Маж на возраст од 42 години го загуби животот во несреќата на патот Битола-Демир Хисар, каде се судрија патничко комбе и автомобил „пежо“. Од МВР посочуваат дека комбето превезувало работници. Загинатиот бил совозач во автомобилот. Несреќата се случила неколку минути пред 15 часот.

42-години има загинатиот – МВР со детали за несреќата кај Битола

На почеток