42-години има загинатиот – МВР со детали за несреќата кај Битола
Маж на возраст од 42 години го загуби животот во несреќата на патот Битола-Демир Хисар, каде се судрија патничко комбе и автомобил „пежо“. Од МВР посочуваат дека комбето превезувало работници. Загинатиот бил совозач во автомобилот. Несреќата се случила неколку минути пред 15 часот.
„…Кај надвозникот случена е сообраќајна несреќа помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од А.С.(25) од с.Вирово, демирхисарско кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика и патничко возило „пежо” со битолски регистарски ознаки управувано од К.Ј.(36) од Битола. Во несреќата на лице место починал совозачот на патничкото возило К.К.(42) од Битола“, велат од МВР.
Сите 18 патници од комбето и возачот на комбето како и возачот на патничкото моторно возило се пренесени во Клиничка болница Битола за санирање на повредите. Ниту едно лице не е хоспитализирано.
Од 17,55 часот сообраќајот е пуштен за сите видови на возила, увидот е завршен.
Еден загина, 20 завршија во болница – тежок судир меѓу комбе и автомобил на излезот од Битола