Скопје

Се запали барака во Драчево, пожарот зафати и три други куќи

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека околу 17:25 часот е започнат пожар на кровна конструкција од барака (куќа) на ул. „Бранко Заревски“ бр.36. во Драчево, Скопско.

Во моментот има информација дека пожарот е проширен и бие зафатени три бараки (куќи). Интервенираат 15 пожарникари со 6 ПП возила од БППЗ на Град Скопје.

Екипите на БППЗ на Град Скопје во 20:15 часот се уште се на терен.

На почеток