Свет

Почнала да кашла, па починала од болки за две недели: Жена во Кина починала од инфекција со два вида на птичји грип

Еден смртен случај има во Кина од инфекција предизвикана од комбинација на два вида на птичји грип, H3N2 и H10N5, соопшти кинеската Национална управа за контрола и превенција на болести.

Повозрасна жена од провинцијата Анхуи, која била истовремено инфицирана од двата вида грип, пријавила дека развила кашлица, болка во градите, треска и други симптоми на 30 ноември и починала нешто повеќе од две недели подоцна на 16 декември, се вели во соопштението на кинеското Министерство за Здравство. Национална управа за контрола и превенција на болести.

Тестирањето на блиските контакти на 63-годишната жена покажало дека тие не се заразени, се наведува во соопштението и се додава дека не се пријавени други случаи на заболени од споменатата комбинација на соеви на птичји грип. Анализата на целата геномска секвенца на вирусот покажа дека вирусот H10N5 е од птичји потекло и нема способност ефикасно да зарази луѓе, соопшти агенцијата.

Регистрираната смрт, според Кинеската национална администрација за контрола и превенција на болести, претставува редок пренос на вирусот од птица на човек. Ризикот од вирусот да зарази луѓе е низок, додава агенцијата.

Кина има голема популација на одгледувани и диви птици од различни видови, што, според Ројтерс, е идеално опкружување за мешање и мутација на птичји вируси.

На почеток