Свет

Деца починаа од голема кашлица во Србија, се огласи и тамошното Министерство за здравство

Деца починале од голема кашлица во Србија, пишуваат тамошните медиуми. Според нив, станува збор за респираторна инфекција која иако била третирана, настапиле смртни последици

Проф. Д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и управител на детската клиника на Институтот за мајки и дете „Д-р Вукан Чупиќ“, за „РТС“ изјави дека четири деца починале од голема кашлица, а едното било на респиратор.

Од Министерството за здравство на Србија велат дека се запознаени со состојбата, а споменатите смртни случаи се случиле во периодот од есента, пренесува Н1.

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ кон крајот на декември пријави епидемија на голема кашлица во Белград.

На почеток