Коментари

(Фото) „Како е утрово премиерот Ајнштајн? Со Мерцедесот в’спална спиеше?“ – инронија, досетки и шеги за Талат Џафери

Функцијата технички премиер на Талат Џафери и изјавата на неговиот брат Нешат дека има коефиент на интелигенција како Алберт Анјштајн донесе низа досетки и шеги на социјалните мрежи. Дополнително, мотивација беше и „мерцедесот“ со кој Џафери се превезува, а вчера беше паркиран на скопскиот плоштад. На врвот по досетки се Божидар Божиновски и Иљче Затаракоски.

„Алберт Ајнштајн: Енергијата е еднаква на масата по брзината на светлината на квадрат; Талат Ајнштајн: Власта е еднаква на простата партиска маса по брзината на глупоста на квадрат“, пишува Затаракоски.

„Братот на Џафери тврдит дека Талат имал повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн, а јас би додал дека е поубав од Бред Пит и повисок од Тодор Гечевски. Ко се лажит, нек се лажит!“, стои во друг негов статус

Бидејќи Талат е дезертер од АРМ, има и аларм да се внимава на него.

„Пазете само дан ни дезертират техничкиов премиер зш навика е заебана работа…“, пишува Затаракоски.

Вчера утрото, имаше и прашање до Џафери.

„Како е утрово премиерот Ајнштајн? Со Мерцедесот в’спална спиеше?“, напиша Затаракоски.

Божидар Божиновски искористи цитат на Џафери од Собрание, за кој во ирнонија пишува дека го кажал Анштајн.

„’Седете море љуѓе, еј’ – Алберт Ајнштајн“, напиша Божиновски.

Тој ја искоментира и веста.

„Тесла на апарати, сатурација паѓа, семејството бара помош!“, пишува тој.

Досетки има и на „Твитер“.

На почеток