Коментари

Пациент на „Онкологија“ сведочи: Вчера се згрозив, се влегува ли така да апсите? Не знаевте да им упаднете дома?!

Академскиот сликар Анжелика Колева која како онколошки пациент ги минуваше ходниците на Клиниката за онкологија ги искоментира вчерашните апсења во кругот на болничките соби. Таа ги прашува Обвинителството и МВР кои координирано влегоа да го уапсат докторот Нино Васев и го изнесоа со лисици дали помислиле на пациентите кои се лекуваат таму кога ја спроведувале акцијата. Потоа додава: „Не знаевте да им упаднете по дома“. Колева е само еден од пациентите кои остро реагираа на акцијата. Изминативе денови, истите тези се коментираат и на Онкологија.

„Одамна немам напишано нешто во врска со Онкологија и правдата таму. Од причини што “искрено” дигнав раце и оставив некоја друга сила да суди,затоа што овде никој нема да пресуди како што треба. Но вчера се згрозив со тоа што се случи на Онкологија. Воопшто не ги ставам на дневен ред приведените доктори од причини што ја бараме правдата и реално треба да има правда, но не така како вчера бе неписмени едни! Се влегува ли така да апсите? Не сте ништо помалку добри од тие што сте ги уапсиле! Помисливте ли на пациентите кои лежат таму и чекаат по цел ден за терапии? Помисливте ли на чесните луѓе кои работат таму?Свесни ли сте какви трауми доживеале?Баш ви е гајле! Не знаевте да им упаднете по дома? Или требаше сите во несвес да паднеме какво сценарио направивте!?Бруки!“, реагира Колева.

Му порача и на министерот Меџити да не се најавува кога оди во посета на билницата, па да го види безредието таму.

А да…Избори идат! Како можевме тоа да го заборавиме. И друга работа: Министерот Меџити што дава изјави дека е се во ред и под ред и ќе се доведе во ред… Пред да оди на Онкологија нека не се најавува дека ќе оди (па да се прави чистка). Нека им упадне исто онака како што вчера се упадна, па да види какво безредие е,и нека не не тапша дека ќе има терапии и дрн, дрн а воедно магнетот се злоупотребувал. Истиот тој апарат за кој што чекаме термин со месеци! Преку такво веќе! За што не третирате бе вие нас онколошките случаи? Дека сме готови па ај ќе не мувате уште? Еден Господ нека ви суди од прв до последен за све што сте направиле и што не сте направиле!И не сме задоволни од постапката!Нема шанси само 5 луѓе да направат таков криминал. 30 милиончиња-хелоуу“, додава таа во реакцијата.

На почеток