Коментари

Секој бел мантил има горчлив вкус, грозно е ова на Онкологија, медицинари се предмет на незаслужени напади, реагира доктор Лазаров

Дел од медицинската фела е згрозена од деталите кои вчера Обвинителството ги обзнани во врска со случајот „Онкологија“ каде според обвинителката имало незаконски набавки на скапа терапија, дозирање со вишоци за кои не се знае каде завршиле, аплицирање на лек кај пациенти кои според медицинскиот протокол не требало да го добијат. Докторот Ненад Лазаров посочува дека е грозно тоа што се случувало.

„Грозно е ова на Онкологија што се случувало. И верувам дека секој еден во бел мантил деновиве има горчлив вкус во устата особено зошто сите медицинари деновиве се предмет на незаслужени напади и навреди по интернетов. А проблемот има име и презиме, и има и други активни истраги,ова не е се. Поголемиот дел од здравстврните работници чесно си ја работат работата а се константно демотивирани од секој аспект, ова треба итно да се промени зошто се помалку луѓе сакаат да ја работат оваа работа“, напиша доктор Лазаров.

Пет лица се под сомнение дека сториле злоупотреби на Клиниката за онкологија. Ова го соопшти шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Меѓу осомничените е и ексмедицинскиот директор на Клиниката, Нино Васев кој се сомничи за седум кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и за измама во службата. Осомничен е и организацискиот директор Нехат Нухи, кој се сомничи за измама во службата. Останатите лица се доктори.

Повеќе:

Нино Васев се сомничи за осум дела, осомничени се и тројца доктори-онколози заедно со организацискиот директор

На почеток