Македонија

Не се бара притвор за Нино Васев, туку оддалечување од работно место, одземање на пасош

Не се докажало дека докторите од Клиниката за онкологија крателе или краделе терапии од пациентите кои примале скапа биолошка терапија. Ова го соопшти обвинителката Ана Гоговска-Јакимоска. Таа кажа дека е постапувано спротивно на протоколите за лекување, во однос на дозирањето на лековите. Засега не се бараат притвори, туку мерки на претпазливост за ексдиректорите Нино Васев и Нехат Нухи. За тројцата доктори не се бараат мерки.

„Мерките се однесуваат само за медицинскиот и организацискиот директор, докторите онколозите не се опфатени. Мерките се забрана за напуштање живеалиште, одземање на патна исправа“, рече обвинителката Гоговска-Јакимовска.

За Нино Васев е побарна уште една мерка.

„За медицинскиот директор има побарано и мерка за оддалечување од работно место“, додаде обвинителката.

Според неа, нема лица кои се во бегство, но кажа дека истрагата ќе се проширува.

ДЕТАЛИ:

Нино Васев се сомничи за осум дела, осомничени се и тројца доктори-онколози заедно со организацискиот директор

На почеток