Македонија

На 7 фервруари завршуваат првите 40 дена од екстрадицискиот притвор на Љупчо Палевски

Љупчо Палевски Палчо на 29 декември минатата година, од турските власти доби 40 дена екстрадициски притвор, кој завршува на 7 февруари. Палевски во Македонија е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Тој се наоѓа во затворот во Баликесир во Турција, држава каде беше фатен во обид за бегство. Таму може да биде задржан најмногу една година. Според законите во Република Турција, откако ќе завршат првите 40 дена екстрадициски притвор, турските власти можат да му одредат уште 40 дена.

Македонското Министерство за правда сè уште нема одговор од Турција на барањето за екстрадиција на Палевски испратено на 7 декември. Неофицијално, во Турција на разговор со својот колега во Турција во февруари, ќе патува министерот за правда Кренар Лога.

Освен Палчо, осомничени се и се таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, потоа Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видевски, како и Стефан Димковски возачот на Љупчо Палевски.

На почеток