Македонија

Терапијата од Онкологија не завршувала на косовски црн пазар, каде се вишокот препишани лекови не се знае

Скапа биолошка терапија не завршила на црниот пазар во Косово, ниту косовски пациенти ја примале на Клиниката за онкологија, утврдила истрагата на скопското Обвинителство. Досега е утврдено само дека се препишувани поголеми дози од скапата терапија, но не се знае каде таа завршувала – дали е аплицирана или пак, завршувала во нечиј џеб.

„Препишана но не е утврдено до каде е стигната“, рече шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски на брифинг со новинарите.

Побарана била и меѓународна правна помош.

„Од страна на Косово се прибавени докази, се анализираат, но не произлегуваат сознанија дека терапијата од Онкологија завршувала на така наречен косовски црн пазар или дека пациенти од таму примале терапија. Од Албанија чекаме“, додаде Бубевски на брифингот.

Финансиската истрага која се води паралелно со предметот за злоупотребите на Онкологија, треба да покаже дали има или нема богатење на поединци, со какви средства располагаат, но и што имот поседуваат.

Нино Васев се сомничи за осум дела, осомничени се и тројца доктори-онколози заедно со организацискиот директор

На почеток