Како сопартиецот на Меџити стана директор на Инфективна: сертификат за јазици му помогна да ја елиминира Стевановиќ
Доктор Милена Стевановиќ била тргната од директорската позиција во Клиниката за инфективни болести оти веќе не и важел сертификатот за јазици. Ова го изјави министерот за здравство, Фатмир Меџити кој рече: „нема вечни директори“.
„Не е разрешена директорката, ниту пак и беше истечен мандатот. Мислам дека и е до април. Директорката сама си објавила конкурс за мандат и ние во министерството ја прегледувавме документацијата и утврдивме дека има истечен сертификат за јазици. Имаше двајца кандидати и ние го одбравме тој што беше со комплетна документација“, рече Меџити.
На нејзиното место е назначен Фадил Цана, инфектолог, кој е сопартиец на министерот.
В.д. директорот Цана, беше еден од можните кандидати за министер за здравство од редовите на партијата на Арбен Таравари. Но наместо него, на фотелјата седна Меџити, кој сега го назначи за директор.