Македонија

Упасени тројца велешани, едно лице од Свети Николе и едно од Битола

СВР Велес поднесе кривична пријава против Х.М.(27), Л.М.(49) и Д.Н.(33), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.09.2023 во Велес, полициски службеници пронашле и одзеле неколку пакувања хероин и амфетамин кои претходно го фрлиле пријавените.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.Т.(44) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 08.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, дигитална вага и пари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.09.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Д.(20) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2023, полициски службеници извршиле претрес кај лице од Битола, при што била пронајдена и одземена марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

На почеток