Свет

Силен земјотрес ја погоди Австрија синоќа: Потреси почувствуваа Словенците и Хрватите

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Австрија. Земјотресот се случи во областа меѓу Грац и Виена во 2 часот и 59 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

„Силно тресење неколку секунди. Предмети се превртеле и паднале“, пишува во еден од коментарите што ги објави Вечерњи.хр.

„Нè разбуди тресењето на гардеробата, не знаевме што се случува“, стои друг коментар.

„Силно тресење, кучето за момент го фати паника“, „Креветот силно ми се тресеше неколку секунди“, „Слушнав нешто како падна во куќата, веројатно слика виси на ѕидот“, се другите коментари.

Земјотресот бил почувствуван во Австрија, Чешка и Словенија, но пријавиле и некои од Хрватска, од Загорје и Загреб.

На почеток