Македонија

Заборавете на дебелите јакни во следните десет дена – ни доаѓаат температури до 20 степени

Првата седмица од февруари месец во Македонија ќе помине во знакот на стабилно, суво и претежно сончево време, со малку повеќе облачност и со засилен ветер од северен правец во петок. Токму ова стабилно време е поради влијанието на антициклонот “Зевс”.

Температурите, особено за време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе бидат во значителен пораст и ќе бидат натпросечно високи, па така максималните дневни температури на воздухот на повеќе места ќе надминат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до пролетни 18 степени. Ќе има места каде температурата ќе достигне дури и до 20 степени.

Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со значителен пораст на температурите за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица.

Според моменталните анализи со кој располагаме, враќањето на зимата и на снегот ќе ги очекуваме по 10 февруари.

На почеток