Свет

Во Лондон денеска почнува судењето на Грета Тунберг, активисти најавуваат протести пред судот

Шведската климатска активистка Грета Тунберг денеска ќе се појави пред судот во Лондон под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, поради протестот пред местото каде минатата година се одржа конференцијата за нафта и гас.

Таа, заедно со уште четири лица, беше уапсена во октомври пред хотел во Лондон, каде лидерите на индустријата беа домаќини на енергетски форум, пренесува Ројтерс.

Сите петмина обвинети се изјаснија за невини, а нивното судење, кое се очекува да трае најмалку два дена, ќе го води судија без порота.

Доколку бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со максимална казна од 2.500 фунти.

Други климатски активисти, вклучително и групата Гринпис, најавија дека ќе протестираат пред судот во знак на солидарност со обвинетите.

На почеток