Свет

(ФОТО) Пронајден џоинт во леб: невообичаена заплена на граничен премин во Србија

Невообичаена заплена се случила вчера на граничниот премин Батровци во Србија, кога цариниците пронашле џоинт во леб.

„Пронаоѓањето џоинт во леб би било речиси невозможна мисија, доколку цариниците не ги имаа своите крзнени колеги со префинето сетило за мирис на кое секогаш можат да се потпрат“, се наведува на Инстаграм страната на Царината на Србија.

Како што се наведува понатаму, царинското куче Нерон синоќа во Батровци открило сомнителна содржина во ранецот на 22-годишен патник.

На почеток