Свет

Поранешен помошник на Трамп тешко ранет во Вашингтон, се бори за живот

Мајк Гил, поранешен функционер во администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се бори за живот откако вчера беше застрелан во Вашингтон, потврди за весникот „Хил“ портпаролот на неговото семејство.

Американските медиуми објавија дека овој татко на три деца бил нападнат со огнено оружје од маж кој сакал да му го украде автомобилот.
Напаѓачот е осомничен за серија кражби на автомобили во пошироката област Вашингтон.

Гил, во времето кога Трамп беше претседател на САД, беше шеф на една од трговските комисии.

Американските медиуми јавуваат дека пукањето се случило во понеделникот на 29 јануари.

Истиот напаѓач пукал во друг возач чиј автомобил го украл и се верува дека се обидел или извршил уште три кражби на автомобили, како и дека во два наврати пукал кон полицијата.

Осомничениот на крајот бил убиен во престрелка со полицијата во Мериленд.

На почеток