Свет

Дете со тешки повреди на главата примено во болницата во Пула – донесено со фрактура на череп

Истарската полиција соопшти дека болницата во Пула вчера попладне примила дете со повреди на главата. Детето поради тешки повреди е пренесено на понатамошно лекување во болница во Риека, а полицијата ги утврдува околностите.

Како што неофицијално дознава „24сата“, се работи за четиримесечно дете кое се здобило со фрактура на черепот.

Детето е префрлено во болница во Риека во кома и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Според првичните информации полицијата не утврдила елементи на кривично дело.

To Top