Свет

Орбан попушти: Во ЕУ е постигнат договор за 50 милијарди евра помош на Украина

Чарлс Мишел, претседателот на Европскиот совет, објави дека е постигнат договор за 50 милијарди евра помош за Украина.

„Сите 27 лидери се согласија“, рече тој, додавајќи дека „со ова се заклучува стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина“.

https://x.com/CharlesMichel/status/1753001809268920719?s=20

Според британски Гардијан, повикувајќи се на текстот до кој имале пристап, лидерите се согласиле за следниот текст:

„Врз основа на годишниот извештај на Комисијата за имплементација на Инструментот за Украина, Европскиот совет секоја година ќе одржува дебата за спроведувањето на Инструментот со цел да даде насоки. Доколку е потребно, за две години Европскиот совет ќе ја покани Комисијата да даде предлог за ревизија во контекст на новиот МФР“.

Потсетуваме дека единствената членка на ЕУ која се спротивстави на пакетот помош за Украина беше Унгарија. Премиерот на таа земја, Виктор Орбан, досега ја блокираше одлуката за Украина и понуди да ги подели одобрените средства на годишни транши, со што Будимпешта ќе има можност секоја година да бара отстапки за да избегне вето.

На почеток