Свет

Запалива течност фрлена на американскиот конзулат

Две шишиња со запалива течност биле фрлени кон американскиот конзулат во Фиренца, а карабинерите интервенирале на лице место.

Во средата вечерта едно или повеќе лица фрлиле шишиња од споредна улица, но тие не удриле во зградата, туку експлодирале на улицата, пренесува Korijere fiorentino.

Според весникот, истражителите сметаат дека станува збор за демонстративен чин, а не за терористички чин, но истрагата продолжува.

Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела утрово во телефонски разговор со американскиот конзул Даниела Балард изразил солидарност и инцидентот го нарекол „сериозен и неоправдан гест“.

„Ќе обезбедиме целосна соработка на полицијата во идентификувањето на одговорните“, рече Нардела.

Конзулот Балард изрази благодарност за поддршката од полицијата и градските власти.

На почеток