Македонија

Работата на „Онкологија“ нема да заврши со оваа акција, ќе се продолжи и кон омилената веледрогедирија, најави Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека одговорност ќе бараат и од веледрогеријата од која се набавувале скапите лекови од биолошката терапија за онколошки пациенти, по изборите каде очекува победа. Според него, работата на „Онкологија“ нема да заврши со оваа акција во која пет лица беа уапсени.

„Таму по 8 мај многу поинтензивно ќе се развиваат работите. Како што сега акцијата опфати определен број лица, таа малку ќе продолжи и кај омилената веледрогерија, одговорните лица во Министерството. Тоа јас ви го ветувам. Печалење на мака на луѓето не само што не е хумано, туку не е ниту етички. Парите не вредат колку еден човечки живот, а таму се изгубени десетици, стотици, илјадници“, кажа Мицкоски.

Посочи дека станува збор за стотици милиони евра пари кои се украдени од народот.

„Затоа во Македонија имаме 600 илјади луѓе кои живеат со 150 денари на ден, ама затоа имаме неколку семејства, кланови во здравството, каде се случуваат милиони, па би рекол и милијарди. Тоа повеќе не може така да биде“, додаде Мицкоски.

На почеток