Македонија

Натепан скопјанец донесен на Клиника, бил претепан во Илинден поради недоразбирање во сообраќајот

Денеска (01.02.2024) во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив тешки телесни повреди бил донесен А.В.(45) од с.Бујковци, општина Илинден.

Според пријавеното, околу 20.30 часот кај подвозник во с.Мралино, општина Илинден, по претходно недоразбирање во сообраќајот, А.В. со тврд предмет бил нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток