Македонија

Пекаше за Влада без ДУИ а влезе во Влада со ДУИ, критикув СДСМ

„ДПМНЕ пекаше за Влада без ДУИ, а влезе во Влада со ДУИ“, велат од СДСМ и додаваат:

Се што кажа Христијан Мицкоски излажа.

Велеше единствен услов му бил ДУИ да не биде дел од Владата, дека не прифаќа Влада со ДУИ.

Па се пишмани и ДПМНЕ влезе во влада со ДУИ.

Сега ДПМНЕ има министри и заменици министри во техничката Влада, кои му се поклонија на Талат Џафери, а велеа дека тој не заслужува да биде технички премиер, иако во периодот 2012-2014 беше министер за одбрана во влада на ДПМНЕ.

Повторно се виде дека Мицкоски манипулира, го лаже членството, ги лаже граѓаните.

Мицкоски едно зборува друго прави. Него не му се важни граѓаните, туку фотелјите и власта.

На почеток