Свет

Страшна приказна од Кина: Двојка фрли две деца од 15. кат оти им пречеле во врска, сега се егзекутирани

Во Кина е погубен брачен пар кој беше прогласен за виновен за убиство на две деца кои во 2020 година беа фрлени од прозорец од 15-ти кат на станбена зграда, објави судот.

Таткото на децата, Џанг Бо и неговата партнерка Је Ченгчен, кои претходно беа прогласени за виновни за убиство на двегодишно девојче и едногодишно момче во 2020 година, беа егзекутирани, пренесува Ксинхуа.

Од судот изјавија дека се обиделе да го претстават убиството на децата како случајно паѓање низ прозорецот. Двојката беше погубена во средата во југозападниот кинески град Чонгкинг.

Џанг наводно започнал афера со Је, а подоцна се развел од сопругата. Кога започнал врска со Џео, не ја известил за неговиот брачен и родителски статус, но таа продолжила да се гледа со него и откако ја дознала вистината, соопшти судот.

Сепак, дури и откако Џанг се развел од сопругата во февруари 2020 година, Је сепак гледала на двете деца како „пречка за нејзиниот брак со Џанг и товар за нивниот иден заеднички живот“, и покрај фактот што Џанг и неговата поранешна сопруга се договориле за старателство над неговите деца.

Тие смислиле план да ги убијат децата и да го претстават како случајно паѓање низ прозорецот.

Је вршела притисок врз Џанг, му поставила рокови и се заканувала, а на 2 ноември 2020 година ги фрлил своите деца низ прозорецот од својот стан на 15-ти кат, соопшти судот.

На почеток