Свет

Загинаа три лица, меѓу кои и дете: Страшни сцени по експлозија на гас во Најроби

Се зголемува бројот на жртвите од страшната експлозија на гас во Најроби, во која беа уништени неколку згради. Спасувачите досега пронашле три безживотни тела, меѓу кои и тело на дете. Бројот на повредени надмина 300. Иако според првите информации, експлозијата се случила при полнење на плински боци, надлежните сега објавија дека експлозијата се случила во камион кој превезувал плински боци.

Пожарот го зафати блискиот склад за текстил, а оштетени се станбени згради, деловни објекти и автомобили. Причината за пожарот се уште се утврдува. Весли Кимето, началник на полицијата во Ембакаси, рече дека смртта на двајца возрасни и едно дете била потврдена околу 4:30 часот по локално време.

Очевидци на трагедијата велат дека се слушнале страшни експлозии, по што избувнале пламени јазици.

„Луѓето врескаа и трчаа на сите страни“, сведочат преживеаните.

Портпаролот на владата Исак Мваура рече дека камион со плински боци во областа експлодирал пред да „еруптира огнена топка која широко се проширила“.

Тој додаде дека „летечка плинска боца“ удрила во магацин во кој имало облека и текстил и го запалила.

To Top