Македонија

Вработените од ФЗО стапија во штрајк – матичните без капитација, јавното здравство без плати

Вработените во Фондотза здравствено осигурување стапија во штрајк поради најавеното намалување на платите, односно препораката на Владата. Од Синдикалната организација се децидни дека ова ќе штрајкуваат додека Министерството за финансии не се откаже од намалување на платите на вработените за 21 отсто.

„Ќе се извршуваат само нужните и неопходни работни задачи како пријава на малолетно лице во осигурување, регулирање на хоспитализирнао лице, лекување во странство за итни пациенти, еден вработен ќе прима документи“, рекоа од Синдикатот на УПОЗ.

Без капитација ќе останат и матичните лекари бидејќи Фондот ги прави пресметките и исплатите. Сепак, според синдикалците, ова е неопходно, бидејќи од Министерството за финансии и Управниот одбор не наидуваат на разбирање. Дека ќе стапат во штрајк, тие предупредија и претходно, но не беа изесапени од надлежните.

На почеток