Македонија

Села: Алијансата на Албанците не е на пазар и не се продава, на избори одиме самостојно

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците и поранешен лидер, Зијадин Села, на прес-конференција во седиштето на партијата изјави дека на избори одат самостојно, а партијата не се продава.

Арбен Таравари објави дека добил поддршка од членството на партијата да оди со опозицискиот албански блок Како што објавија на нивната Фејсбук страница, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.
Села пак рече дека ништо не значат потписите кои што ги добил Таравари за неговата иницијатива.

Според него, тоа е злоупотреба на позицијата која Таравари ја има во партијата и затоа свика седница на Централното собрание во сабота, на кое ќе се бара одговорност од Таравари.

На почеток