Скопје

Студентите на масовен протест во 14 часот пред Министерство за образование

Студентите денес ќе го изразат својот револт и ќе протестираат пред Министерството за образование. Незадоволни се заради ненавременото исплаќање на обврските кон нив. Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Факултетските студентски собранија на УКИМ и со поддршка од Универзитетските студентски собранија на УКЛО, УГД, Мајка Тереза, АУЕ-ФОН и Американ Колеџ ги повикаа студентите да дојдат денес, во 14 часот, пред зградата на Министерството.

Студентите имаат проблеми и со субвенционираниот студентски оброк.

„Како студенти, време е да ги кренеме своите гласови и обединето да излеземе против неправдите врз нас и против неефикасното работење на Министерството за образование! Затоа, Универзитетското студентско собрание ве повикува да го проследите протестот и да нѐ поддржите со тоа што ќе ја уважите и проследите нашата видливост на улиците и екраните“, стои во повикот од УСС УКИМ.

На почеток