Скопје

(Видео) Пожарот над Скопје се шири, а не се гасне оти теренот е непристапен – исто е и на Шар Планина

Пожарот на планината Жеден над Скопје се шири, а запалена е и Шар Планина. Од ЦУК велат дека на Жеден не може да се интервенира.

„Пожарот е околу врвот на планината Жеден, гори претежно трева и евентуално грмушки. Поради непристапниот терен скопската БППЗ не можеше да интервенира. Поради ниските температури има големи шанси да изгасне во текот на ноќта. Доколку утре наутро има горење ќе ангажираме воздухоплови“, велат од ЦУК.

За Шар Планина, доколку утре продожи пожарот, ќе се гасне од воздух.

„Има пожар над с. Вешала во пониските делови на Шар Планина. Во текот на денот екипи на ТППЕ Тетово и Националниот Шар Шар Планина учествуваа во негово гаснење. Се очекува во текот на ноќта поради ниските температури да изгасне. Доколку продолжи со горење утре рано наутро ќе процениме дали е неопходно воздушна подршка бидејки се работи за пристапен терен“, додаваат од ЦУК.

На почеток