Граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ, тврди ВМРО-ДПМНЕ
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2018/11/k15.jpg)
“Со СДС и ДУИ граѓаните во Македонија работат за најмала минимална плата во Европа, послаби се само БиХ”, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:
Според информациите кои ги објави Евростат, Македонците имаат најмала минимална плата во регионот и Европа, полоши се само Босанците. Во Македонија минималната плата е 327 евра, додека во Албанија е 350, а во Србија 402 евра.
Со СДС и ДУИ Македонија е двојно послаба од Хрватска, а три пати послаба од Словенија во однос на минималната плата.
Со СДС и ДУИ сите земји ја претркаа Македонија.
Животниот стандард на граѓаните од ден во ден е се полош.
Доволно е да се погледне минималната плата и ќе се види дека СДС и ДУИ ја уништија државата.
Власта не создаде услови платите да растат и да се генерира реален раст, ја угуши економијата со криминал и корупција.
Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)