Македонија

Холандија продолжува со проектот во Судски совет кој го стави во мирување во ек на кавгите и разрешувањето на Дамева

Проектот кој Холандија го стави во мирување, а го финансира тамошната Влада, продолжува со реализација во Судскиот совет. Од највисокото судско тело посочуваат дека проектот „Зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет на Република Северна Макоеднија“ е обновен.

„Неговата екселенција амбасадорот Дирк Јан Коп изрази задоволство дека Проектот, кој беше ставен во мирување во мај 2023 година, ќе придонесе кон имплементирањето на препораките на оценската мисија на ЕУ и најакнувањето на владеењето на правото во таа земја. За време на денешнито состанок со амбасадорот Коп, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева изрази искрена благодарност до амбасадорот кОП И ДО владата на Холандија за континуираната доверба и поддршка“, велат од Судски совет.

Тие посочуваат дека Советот е посветен на понатамошна соработка во рамките на ова обновено партнерство.

Претходно, во ек на големите кавги и незаконското разрешување на Дамева, амбасадорот Коп, упати низа критики кон Судскиот совет. Тогаш беше донесена одлуката и проектот да биде ставен во мирување. Меѓудругото, амбасадорот тогаш посочи дека Судскиот совет е нелегитимно тело.

На почеток