Македонија

Казината и обложувалниците на 500 метра подалеку од училиштата: Движењето Антикоцкање бара да се изгласа Законот за игри на среќа

Законот за игри на среќа кој е монета за поткусурување и за меѓупартиско надмудрување утре е пред пратениците.

Движењето Антикоцкање на прес конференција побара да се изгласа законот со кој се дислоцираат објектите за игри на среќа

Побараа поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за добро на децата бидејќи објектите на игри на среќа ќе се оддалечат 500 метри од образовни и други установи. Движењето Антикоцкање кое првично бараше да оддалечат објекти три километри од населени места, сега бара и затворање на сите објекти.

,,Законот да не го спречува специјално ВМРО ДПМНЕ зошто три години и повеќе го држи законот во фиоките во комисијата за финансии и буџет а на крај, едноставно мораат да го донесат законот со европско знаме за да може утре да помине во парламентот. Затоа апелирам до ВМРО ДПМНЕ, крајно е веќе да се оддалечи од игрите на среќа и од овие игри што не носат среќа, па затоа барам и ВМРО да биде присутна утре и оваа држава да може да се ослободи од игрите на среќа, изјави Јуши Емурлаи од Движење Антикоцкање.

Од ова движење сметаат дека ќе има 61 пратеник за гласање на овој закон.

Според нив ова е национален закон, а не верски, ова важи за целата држава, не само за Тетово или за некој град во Македонија.

Од Асоцијациите на спортски обложувалници и казина информираа дека ако се донесе законот кој предвидува сите казина и спортски обложувалници да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата над 10 000 луѓе вработени во овој сектор ќе останат без работа, а 99 % од казината и спортските обложувалници во Тетово ќе се затворат.

На почеток