Македонија

Аларманто расте бројот на заразени од голема кашлица

Алармантна е состојбата со голема кашлица, предупредуваат медицинските лица. За утре е најавена седница на Комисијата за заразни болести.
Досега се потврдени 12 случаи на голема кашлица. Меѓу заразените е и бебе старо 6 недели кое е хоспитализирано на Клиниката за детски болести и е изолирано од останатите пациенти.

Од досегашните регистрирани случаи, 10 се во Скопје, а најмногу, 8 случаи се во општина Аеродром.

Болеста особено опасна за доенчињата и децата во основните училишта. Од Центарот за јавно здравје денеска информираа дека доколку продолжи овој тренд на лица заразени со голема кашлица, ќе настане голем проблем.
Лекарите уште еднаш апелираат на совесност, населението да не ја игнорира вакцинацијата која е најдобра заштита против ова заболување.

На почеток