Македонија

Казината утре пак ќе протестираат

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС), незадоволни од носењето на Законот за игри на среќа утре повикува на протест пред Собранието во паркот „Жена борец“со почеток од 11:00 часот.

Од Асоцијациите на спортски обложувалници и казина информираат дека ако се донесе законот кој предвидува сите казина и спортски обложувалници да бидат оддалечени најмалку 500 метри од училиштата над 10 000 луѓе вработени во овој сектор ќе останат без работа, а 99 % од казината и спортските обложувалници во Тетово ќе се затворат.

На почеток