Битката на Алијансата се пресели во Владата: Двајца министри напуштија седница, па не беа пуштени да држат прес во зградата
Министрите од Алијанса за Албанците, Фатмир Меџити и Азир Алиу, за кои партиските тела побараа од Владата да бидат разрешени, излегоа со жестоки критики по владината седница. Двајца директори од партијата биле разрешени оти така решиле органите на нивната партија, а тие не ги предложиле на седница, но сепак за нив се одговарало.
„Група од Алијанса на Албанците прават притисоци врз директроите за да бидат на нивна страна. Имавме на Влада точка за разрешување на двајца директори. Двајца наши заменик-министри гласаа за разрешување“, рече Алиу.
Меџити од ресорот Здравство, кажа дека на седницата не се разговарало за важни точки кои се во интерес на граѓаните.
„Ние сме многу одговорни и транспарентни, чесно работевме 11 месеци“, кажа Меџити.
На двајцата министри не им било дозволено прес-конференција да држат во салата наменета за тоа, па останаа пред вратите.