„Нека пробаат, па да видиме!“, Меџити и Алиу ја предизвикаа Владата да ги разрешат ако имаат мнозинство во Собрание
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, но и министерот за информатичко општество, Азир Алиу, нема да поднесуваат оставки, ниту пак ги сметаат за легитимни одлуките на органите на Алијансата за Албанците од каде дојде најава дека ќе бараат разрешување од страна на техничкиот премиер Талат Џафери.
„Нема да поднесеме оставка. Едноставно поради две работи – ние транспарентно и отчетно работевме, а нашата партија нема зошто да бара наше разрешување. Уште вечерва им кажувам оставка од нас нема да има“, рече Алиу.
Прашани дали очекуваат да бидат разрешени: „Не знам, нека пробаат, па да видиме“.
Според него, зад разрешувањето на кадри од Алијансата на Албанците стои Аран Груби поддржан од нивната партија.
„Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со нашите кадри не е во ред“, додаде Алиу.
Двајцата министри кажаа дека стојат зад Арбен Таравари.