Македонија

Села го победи Таравари на суд: ќе ги земе печатите, партискиот претседател молчи

Тетовскиот суд донел одлука за спорот помеѓу претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари и претседателот на партиското Собрание, Зијадин Села. Според неофицијалните информации, Села добива легитимитет, а со тоа и неговите одлуки се летимни. Ова би значело дека тој ги добива и партиските печати, а Таравари излегува од игра.

„Скопје1“ го контактираше Таравари за да побара информации, но од него не добивме одговори.

Расколот дојде откако Таравари и неговото крило решија да се придружат на коалицијата „Вреди“ составена од албанската опозиција, додека Села, отиде со ДУИ и Али Ахмети.

На седница на партиското Собрание кое го одржа Села, беше изгласано дека Таравари треба да замине од претседателската функција, но таа одлука не беше легитимна за првиот човек на партијата.

На почеток