Таравари му наоѓа прекршувања на Села, собирот му го нарече „таканаречено Собрание“
„Во седиштето на Алијансата за Албанците во Тетово денеска беа презентирани статутарните и законските прекршувања на таканареченото Собрание на партијата што се одржа на 10 февруари 2024 година во Скопје“, вели таборот од Арбен Таравари во име на партијата и додава:
Подолу ги имате статутарните и законските прекршувања презентирани од страна на Азир Алиу:
(I) Првото прекршување на статутот е направено со самото свикување на партиското Собрание, каде беше прекршен член 71 точка в со што се определуваат одговорностите на претседателот на Собранието во врска со свикувањето на седниците на Собранието и ВЕЛИ: „ Претседателот на Собранието во координација со Претседателот на партијата, одлучуваат по точките од дневниот ред на седниците на партиското Собрание“.
(II) Иницијативата за разрешување на претседателот на Партијата мора да се заснова на начелата од член 50 од статутот, каде СЕ ВЕЛИ: „Претседателот на Партијата се разрешува во следниве случаи
1. Тешко кршење на Статутот и платформата на партијата,
2. Доколку е осуден со затвор за сторено какво било кривично дело,
3. Во случај на доброволна оставка,
4. Во случаи кога неговото здравје го спречува да ја врши функцијата претседател“
(III) Исто така е прекршен член 49 кој јасно одредува дека: „Правно – статутарната причина во врска со иницијативата за разрешување (на претседателот) ја толкува статутарната комисија“, со тоа што не е побарано од статутарната комисија, која е избрана на седница на Собранието на партијата со одлука бр. 42-02/2023 на 21 јануари 2023 година, во состав: Ардиан Лимани – претседател и членовите: Сирија Рашиди, Башким Бакиу, Кујтим Незири и Аднан Незири
Исто така, ве информираме дека Составот на статутарната комисија не е изменет, бидејќи истиот се избира според член 145, КОЈ ВЕЛИ „… статутарната комисија се предложува од страна на Претседателот на партијата…“, а Претседателот на партијата не предложил нов состав на статутарната комисија.
(IV) За да се оцени законитоста на гласањето за иницијативата за разрешување на Претседателот на партијата, треба да се утврди списокот на членовите на Собранието присутни на седница, бидејќи член 48 на статутот вели ВАКА „иницијативата за прекин на мандатот на Претседателот се донесува со 2/3 од составот на партиското Собрание“. Следствено на ова врз база на списокот на присутни членови на Собранието, ИСТИОТ треба да се верификува доколку:
1. Собранието имало кворум; и
2. Ако за ова иницијатива гласале најмалку 94 легитимни членови од вкупно 143 колку членови се евидентирани.
Имајќи го предвид фактот дека 75 членови на Собранието се потпишувале на декларацијата за поддршка на Претседателот на партијата г-дин ТАРАВАРИ и според нашите сознанија, од овие 75 потписници, само еден член на Собранието, Беким Поцеста, присуствувал на седницата на Собранието (и гласал против иницијативата за разрешување), може да се констатира дека максималниот број на легитимни членови, присутни во ова седница, не може да биде поголем од 69 членови. Следствено на горенаведеното, одлуката не е донесена според горенаведената процедура, а исто така сакам да истакнам дека истата преставува тешка повреда на статутот.
(V) Член 31 одредува кој може да свикува вонреден Конгрес, и ВЕЛИ: „Вонреден Конгрес се свикува во следните случаи: 1. По барање на Претседателот на партијата, 2. По барање на 2/3 од составот на партиското Собрание“. Така да, бидејки се повикуваат на Вонреден конгрес, а истиот не е свикан од страна на Претседателот на партијата г-дин ТАРАВАРИ, истиот треба да биде свикан според процедурите на точка 2 со кое се бара 2/3 од составот на партиското Собрание.
Според горенаведеното и фактот дека не гласале 2/3 од легитимните членови на партиското Собрание, Ве информираме дека ова е тешко статутарно прекшување но и кривично дело, бидејќи се манипулира со списокот на членовите на Собранието.
Алијансата за Албанците предводена од претседателот Арбен Таравари има мнозинство во Конгресот, Собранието и Претседателството и секоја одлука што ја носат партиските органи е според Статутот.
Покрај статутарните прекршувања кои се констатирани и се во фаза на утврдување, кривични дела можат да претставуваат и одлуките донесени од таканареченото Собрание од 10 февруари 2024 година доколку се докаже дека за иницијативата за разрешување на претседателот како и за повикот на Конгресот, не гласале 2/3 од партиските легитимни претставници во Собранието.
Правниот застапник на Алијансата за Албанците Абидин Абдули, истакна дека Собранието одржано на 10 февруари годинава освен што е нелегитимно содржи и многу елементи на кривични дела.
„Во записникот од Конгресот кој се одржа на 27 март 2022 година од членовите на Собранието избрани на тој конгрес, потоа од членовите избрани на 17 септември 2022 година и на 21 јануари 2023 година, произлегува дека мнозинството од пријавените членовите не учествувале на тоа собрание. Пред вас ги имам изјавите дадени во нотар од 70 членови кои изјавуваат дека не учествувале на Собранието одржано на 10 февруари годинава. Со ова можеме да заклучиме дека Собранието одржано на 10 февруари немаше доволно 2/3 да се свика Конгресот на 18 февруари, а собранието одржано на 10 февруари немаше ниту половина од членовите, така што Собранието е нелегитимно”, рече правниот застапник на Алијанса за Албанците, Абидин Абдули.