Македонија

Алијансата „пука“: Таборот на Села тврди дека собирот на Таравари е незаконски, а легалниот конгрес ќе се одржи задутре

„Денеска бевме сведоци на уште еден апсурд од свој вид. Двајца поранешни владини функционери и еден поранешен член, ниту еден од нив партиски функционер, ниту член на Собрание, се обидоа да го оспорат законското право на дејствување на претседателот на Собранието, на пратениците и на сите членови и функционери избрани од легитимните партиски тела. Се што кажаа е невистинито и обид за манипулација“, стои во соопштението од Алијанса на Албанците.

Тие додаваат: Прво, Собранието го свикува претседателот на Собранието, додека за консултација со претседателот на партијата чекавме два месеци да се свика Претседателството, чекавме со недели на состанок, но и претходно се консултиравме. Нелегитимна и нелегална е средбата свикана во Куманово каде немаше ниту покана, ниту записник, ниту печат, ниту потпис, ниту законска процедура. Што се однесува до Конгресот, тој го свикува претседателот на партијата или 2/3 од членовите на Собранието. Конгресот го свикаа 2/3 од присутните пратеници во единственото легално Собрание свикано од претседателот на Собранието, Зиадин Села. Целата јавност е сведок за фалсификување потписи и членови на Собранието од нивна страна, преку сведочењата на самите членови кои исто така јавно излегоа и покажаа дека нивните потписи биле злоупотребени во Куманово од неовластени лица. И ова, да, претставува кривично дело. Што се однесува до таканаречениот Конгрес кој го свикаа, од вчера за денес има голем број прекршувања. Како прво не беа поканети делегатите на Конгресот, ниту највисоките функционери, ниту пратениците, ниту мнозинството делегати, што покажува дека се подготвува следниот фалсификат. Дополнително, во членот 28 од Статутот е наведено дека работата на Конгресот, до изборот на претседавач со работата, ја води генералниот секретар. Кој ќе го отвори и води таканаречениот Конгрес што ќе се одржи денеска?

Сакаме да ја информираме јавноста, членовите на Алијансата за Албанците и делегатите на Конгресот, дека денешната средба е нелегитимна и незаконска. Единствениот легален конгрес се одржува во недела, на 18 февруари, со почеток во 13:00 часот во Салата на опера и балет во Скопје. Секој друг повик е кршење на Статутот и незаконски собир.

На почеток