Македонија

Силен јужен ветер над 70 км/час, а од недела обилни дождови – што нѐ чека идните денови

„Моќен Џеновски циклон од овој викенд кај нас ќе ни донесе голема промена на времето, проследена со силен јужен ветер (повремено и локално со брзина од над 70 км/час), а од недела и со врнежи од дожд кој локално ќе бидат и обилни“, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:

Не се исклучува можноста и за ретка појава на нестабилност, проследена со грмежи.

Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, овој викенд од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и aтмосферата ќе биде заматена, а времето ќе биде многу мачно.

Температурите на воздухот остануваат натпросечно високи, што значи дека топлото време продолжува.

Наскоро следува детална анализа на времето, и тоа поврзана околу овој моќен Џеновски циклон кој ќе ја зафати нашата држава.

На почеток